
![]() |
АтлантисУл. Даме Груев 16/11000, Скопје Телефони: +389 (2) 2 400 940 Факс: Web: http://atlantis.com.mk/ |
| Преглед на понуди | |
24-ти мај, 1995 година, како резултат на професионалната заинтересираност на нејзиниот основач и директор, господинот Сашко Дончевски, кој дипломира на Факултетот за Туризам во Охрид, Македонија. Денес туристичката агенција Атлантис поседува Лиценца “А” за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за економија на Република Македонија.T.A Атлантис е една од водечките туристички агенции во Република Македонија позната по професионалната услуга со користење на современи информатички технологии како и стручен и индивидуален пристап со клиентите. Соработката со голем број хотели, приватни изнајмители на приватно сместување и регионални туроператори насекаде во светот ја дополнува комплетноста на услугата и спремноста да се одговори на секое барање на странките. Одделот за странски туризам работи со организирани екскурзии како и екскурзии прилагодени според барање на групи и поединци, индивидуални патувања со хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз, рент-а-кар... Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија. Организирани патувања низ Македонија, хотелско сместување, превоз, туристички водичи... Оддел за авионски карти: Т.А Атлантис е овластен застапник за продажба на билети на голем број реномирани светски авио компании. Директно сме поврзани со системот за електронско издавање на авио билети – BSP како и резервациониот систем Amadeus. Нашите вработени поседуваат меѓународни сертификати за завршени IATA курсеви за резервација, продажба и издавање на авионски билети. Т.А Атлантис нуди и услуги за превоз со сопствени возила и возачи. ТА атлантис поседува возила со различен капацитет: два автобуси (51 седиште), минибус (20 седишта), минибус (19 седишта), минибус (8 седишта) и три автомобила. Т.А. Атлантис е официјален застапник на Western Union и FedEx. |
|