Аранжмани  
 

Најнови понуди

Белградски аеродром

Приказната за аеродромот Никола Тесла во Белград почнува уште од далечната 1910-та година, кога леталиштето на Бањица било првиот белградски аеродром. Оттогаш, па до денес, тоа ја менувало својата локација, расетло и се развивало. Единствено името останало непроменето - аеродром Белград, се до 2006 - та година кога го добил новото име Никола Тесла. Овој аеродром е најфрекфентен во Србија, познат и под името Сурчин, според името на населбата во чија близина се наоѓа. Лоциран е на 18км од градот, а националниот авиопревозник ЈАТ го користи како своја база.

По завршувањето на Втората светска војна, конструкцијата на модерен аеродром стана приоритет на Југословенските власти. Благодарение на визијата на одговорните лица за изградна на оваа установа, два важни услови беа исполнети: одлична локација која ги исполнува сите навигациски, метеоролошки, градежни, технички и сообраќајни услови и специјална потреба од план за развој на аеродромот на долги патеки. Изградбата на аердодромот почнува во април 1953 година, а завршува на 28 април 1962 година, кога официјално е отворен од претседателот Јосип Броз Тито.    

На секој шалтер е поставена информација за летот за кој се врши регистрација. Со регистрацијата за лет, патникот добива купон за влез во авионот. Меѓународните летови се отвораат за регистрација се отвораат 120 минути пред полетувањето.

Транспорт

Од аеродромот Никола Тесла, кој се наоѓа на 18км. од Белград, има повеќе начини како да се стигне до центарот на градот. Што се однесува до автобускиот превоз билетите, кои чинат 100 динари,  можете да ги купите во самиот автобус, а линијата која ви е потребна е со број 72. Распоредот на оваа линија е по еден автобус на секои 32 минути до 24 часот. Доколку патувате со автобус на ЈАТ, нивното тргнување е на секој час до 22 часот.
Покрај, тоа можете и да изнајмите автомобил од многубројните агенции кои имаат свои подрачни едници на аеродромот.
Исто така, од аеродромот до вашата поскаувана дестинација во Белград можете да стигнете и со такси превоз.

Автобускиот превоз од Скопје до Белград во еден правец изнесува 1300 денари, а повратниот билет е со цена од 1900 денари. Времето на тргнување е во текот на целиот ден со интервали од 2 - 3 часа.
Што се однесува, пак, до железничкиот сообраќај Скопје се наоѓа на главната линија Белград - Солун. Од Скопје возот тргнува во 7 часот и 40 минути, во 13 часот и 10 минути и во 20 часот и 40 минути. Времетраењето на оваа дестинација е 9 - 10 часа, а цената изнесува 1415 денари во еден правец. Ви препорачуваме овој начин на транспорт никако да не го користите.    

 



Bookmark and Share