

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид е мал туристички аеродром. Во овој момент пристанишната зграда и другите аеродромски инфраструктурни објекти опслужуваат околку 60 илјади патници и 1000 операции на воздухоплови на годишно ниво. Основната причина за постоењето на охридскиот аеродром е развој на туризмот, како и алтернативен аеродром за латовите на скопскиот аеродром Александар Велики. Техничката опременост на овој аеродром ги задоволува меѓународните стандарди од областа на опслужување на воздухоплови и патници.
Секој шалтер за пријавување на патници има дестинација на летот. Кога се пријавува за лет, на патникот му се дава купон за лет - пропусница за качување. Превозниците практикуваат пријавување според лет. Шалтерите за интернационалните летови се отвораат 90 минути пред времето на поаѓање според распоредот, а се затвораат 30 - 40 минути пред времето за полетување според распоредот. Просечната дозволена тежина на багажот е 30 кг. за бизнис класа, 20 кг. за економска класа и 10кг. за деца до 2 годишна возраст. Тежината и димензиите на рачниот багаж се лимитирани. Најчесто дозволена тежина на ваквиот вид багаж е до 10кг., а вкупниот збир на должина, висина и ширина да не е повеќе од 115см.
Постојат паркинг позиции за хендикепирани патници на паркингот пред терминалната зграда.
Од центарот на Охрид најзгоден пристап до аеродромот е преку регионалниот пат Е65. Аеродромот е 10 км. западно од центарот на Охрид.
Од Струга тргнете источно по Е852 / М - 4 регионален пат Е61. Следете ги знаците и излезот на надвозникот кон Е65 / М - 4. Ќе го видите пристапниот пат до аеродромот Св. Апостол Павле.
Од Кичево тргнете јужно по регионалниот пат Е65 и возете околу 50км.
Таксито е на располагање според актуелните доаѓања на летови. Цената од аеродромот Св. Апостол Павле е 8 евра ( 480 денари), во зависност од саканата локција во градот Охрид. Возила можат да бидат изнајмени во специјализираните агенции за изнајмување на возила во Охрид.
Автобуски превоз од аеродромот до градот нема.
Транспортот од Скопје до Охрид може да се изведе на неколку начини. Ако патувате со автобус цената на билетот во еден правец е 450 денари, а повратен 680 денари. Автобуси можат да се најдат во период од 6 часот изутрина до 18 часот и 30 минути. Такси превозот чини 70 евра (4200 денари) по автомобил. Превоз со воз нема.