Аранжмани  
 

Најнови понуди

Приштински аеродром

Приштинскиот интернационален аеродром е главниот аеродром на Косово, кој ги покрива поголемиот број потреби на земјата. Се наоѓа на 16 км од главниот град, Приштина, и на не повеќе од 80км од другите поголеми градови на Косово.
Вашиот билет ја идентификува вашата зона на чекање, а која се наоѓа на патот на вашиот излез.
Патниците со економска класа имаат право на 20кг. багаж без дополнително плаќање, додека оние кои патуваат со бизнис класата имаат право на 30кг. Без оглед на тоа, максималната тежина на багажот може да изнесува до 32кг. Секое надминување  е предмет на дополнителна наплата, во зависност од политиката на секоја авиокомпанија посебно. Пиктограф со нештата кои се опасни и забранети за транспорт е изложен на секој агол.

Транспорт

За да се стигне до Приштинскиот аеродром кој се наоѓа 18км. југозападно од Приштина, потребни се околу 30 - тина минути.
На овој аеродром имате можност за превоз со такси од 5 часот изутрина до 22 часот и 30 минути, а некогаш дури и подоцна. Цената на превозот е околу 25 евра (околу 1500 денари). Од градот до аеродромот, такси превозот е достапен 24 часа, а наплаќањето е според таксиметарот.
Аеродромските автобуси се достапни на секои два часа од 5 часот изутрина до 22 часот и 30 минути. Тргнувањето на автобусите е од главниот град (или од аеродромската зграда) и од хотелот Гранд, кој се наоѓаво центарот на градот.

Од Скопје, со следењето на сообраќајните знаци и движејќи се по насоката кон главниот град, Приштина, до приштинскиот аеродром можете да стигнете ако пред влезот во градот свртите лево. Има и друга раскрсница, на која исто така треба да свртите лево и потоа да продолжите само право и да бидете на патот за аеродромот. Времетраењето на патот од Скопје е околу час и половина.  
Автобускиот превоз до Приштина во еден правец изнесува 320 денари, а повратниот билет е со цена од 520 денари. Времето на тргнување се движи во интервалот од 6 часот попладне до 18 часот и 10 минути.
На релацијата Скопје  - Приштина железничкиот сообраќај обезбедува по една линија дневно.
Цената на такси превозот се креира во зависност од бројот на патници.         



Bookmark and Share