

Софискиот аеродром, уште познат како Враждебна, именуван според селото кое се наоѓа северно од главниот аеродром. Бугарија не стоеше на страна од рапидното зголемување на авиосообраќајот во 20 - тите и 30 - тите години на 20 - от век. На почетокот авионите слетувале и полетувале од израмнетата земја. Првиот комерцијален авионски лет бил во 1922 - та година. Со текот на времето, како што се развивала економијата, така се развивал и овој сообраќај. Во последнава деценија, во 1998 година, е спроведен мастер планот за проширување и модернизација на постоечката инфраструктура, со цел да им се излезе во пресрет на новите предизвици на пазарот.
Транспортот од и кон Софија е полесен отколку што можете да замислите. Редовниот автобуски превоз и удобниот автопат ќе го направат вашето патување со совршен почеток или крај.
Две автобуски маршрути го поврзуваат центарот на Софија со главниот аеродром. Времето на патување е околу 20 - тина минути, во зависност од сообраќајот. До терминалот број 1 можете да патувате со автобусот со број 84, а до терминалот број 2 со бројот 284. Цените зе едно патување се еден лев (околу 30 денари), со претходно купен билет во киоск.
Мал автобус со број 30 ги поврзува двата терминали со центарот на Софија и станбената област Лиулин. Цената за овој превоз е 1,50 лева (околу 45 денари).
Такси превозот е достапен на пристигнувањето на двата терминали. Цената на овој превоз до Софија е помеѓу 5 и 8 лева (помеѓу 150 и 240 денари), во зависност од сообраќајот. Туристите и посетителите надвор од Бугарија треба да внимаваат кога бараат такси. Најдобро е да побараат помош од такси компаниите кои се наоѓаат во внатрешноста на аеродромските терминали.
Личниот такси превоз од Скопје до Софија е професионален и ќе ве чини од 90 - 100 евра (5400 - 6000 денари). Ако сакате да резервирате ваков тип на превоз тоа можете да го направите по телефон.
Цената на автобускиот превоз во еден правец изнесува 990 денари, а повратен билет е 1800 денари. Автобус за Софија можете да најдете на секои 2 - 3 часа.
Транспорт со воз од Скопје до Софија нема.