

Иако седиштето на владата на Холандија се наоѓа во Хаг, Амстердам е номиналниот главен град. Како мешавина од провинцијалското и космополитското, овој град им посакува добредојде на сите посетители, а особено е ориентиран кон младата популација. Годишната посета од над четири милиони туристи ја прави холандската престолнина културно, историско и архитектонско чудо.
Транспорт: Амстердамскиот аеродром Schiphol се наоѓа на 15км од градот и на помалку од 20 - минутно патување со воз од Централната станица. Овој аеродром е четвртиот по големина во Европа, годишно опслужува 46 милиони патници и е дом на три авиокомпании: KLM, Transavia и Martinair.
Амстердам е еден од најдобро организираните градови кога станува збор за возење велосипед. Тука, ќе наидете на одлична култура на возење како и разни погодности од типот на патеки за велосипедисти, рамки за паркирање. Сепак, треба да имате на ум дека процентот на кражби на ова превозно средство е голем, па затоа одберете еден од „втора рака“.
Возењето автомобил не се препорачува: паркинг местото е скапо, а голем број од улиците се забранети за возење или се еднонасочни. Затоа, покрај велосипедите, јавниот транспорт најчесто се состои од автобуси и трамваи. Исто така, често употребувано превозно средство е таксито кое ќе ве вози по воден пат.
Клима, временска зона: Секое време е убаво за посета на Амстердам. Врвот на туристичката сезона е во јули и август, кога временските услови се најдобри. Сеедно, климата е ретко екстремна во кое било време од годината. Доколку сте љубители на културата и случувањата кои се дел од неа, посете го овој град во периодот меѓу мај и септември.
Временската зона е UTC/GMT + 1час.
Валута: Официјалната валута во Холандија е еврото како и во поголемиот дел од земјите кои се членки на Европската унија. Најчесто прифатени картички се Visa и MasterCard/EuroCard.
Совет: Крадењето е поретко во нормалните хотелски соби, иако би било паметно ако ги оставите вашите вредни нешта на рецепцијата или во сефот во вашата соба. Поголема можност да бидете ограбени има ако се сместите во хостел. Особено внимавајте на вашите џебови во трамваите и маркетите каде има поголем број луѓе. Насилниот криминал е редок особено кога станува збор за туристи.
На крајот, бидете особено внимателни каде газите ако не сакате да стапнете на кучешки измет.