Аранжмани  
 

Најнови понуди

Лондон - Лоша клима добра забава

Лондон е главниот град на Велика Британија и најголемата метрополитска зона во Европската унија. Опфаќајќи 607 квадратни милји (или 1,570 км²) историјата на овој град оди наназад се до неговото основање од страна на Римјаните.

Уште од неговите почетоци, Лондон е град кој е дел од движењата и феномените како што се англиската ренесанса и индустриската револуција. Тој има широк опсег на луѓе, култури и религии, и повеќе од 300 јазици се зборуваат во него.

Лондон е најистакнат глобален град заедно со Њујорк и најголем финансиски центар покрај Њујорк и Токио. Неговото влијание врз политиката, економијата, образованието, забавата, медиумите, модата и уметноста придонесува за неговата надмоќност. Централен Лондон е седиште на над 100 големи компании од цела Европа.

Една од неговите главни карактеристики е реката Темза која поминува низ градот од југо - запад до исток. Некогаш оваа река била многу поширока и поплитка со пространи мочуришта. Но, од викторијанската ера таа е заградена со насипи и голем дел од нејзините притоки сега течат подземно.

Како да се стигне и транспорт на тоа место

Лондон е главен столб на авионскиот транспорт со најголем простор за навигција во целиот свет. Осум аеродроми го нoсат името Лондонски аеродроми, но само пет од нив имаат најголем аеродромски сообраќај. Аеродромот Хитроу е најпрометниот во светот, кога станува збор за меѓународен транспорт.

Јавната транспортна мрежа е една од најекстезивните во целиот свет. Лондон е пофален како град со најдобар јавен транспорт. Велосипедизмот станува еден од најпопуларните начини на движење низ градот.

Лондонската подземна железница е еден од најстарите, најдолгите и најраспространетите метро системи во светот. Датирајќи од 1863 - та година, таа е срцето на јавниот транспорт во Лондон, уште позната како Цевката (The Tube). Супербрзите возови, пак, преку тунелот изграден под Каналот, ја поврзуваат Велика Британија со континентална Европа.

Автобуската мрежа на Лондон е една од најголемите во светот која работи 24 часа дневно со над 8 илјади автобуси, 700 сообраќајни линии и 6 милиони патници секој работен ден.

Временска зона, клима, најдобар период за посети

Лондон има умерена морска клима, како и повеќето британски острови, така што во градот ретко се сретнуваат екстремно високи или ниски температури. Летата се топли со просечно високи температури од 21 - 24°Ц. Зимите во Лондон се свежи со температура која ретко се симнува под нулата. И покрај познатата слика на овој град каде што сите носат чадори, Лондон е релативно сув град. Тука врнежите иако се постојани се со слаб интензитет. Снежните врнежи, пак, се релативно невообичаени, делумно и поради урбаната средина која го прави овој град потопол од неговите соседни реони.
Временската зона е UTC/GMT +1 час.



Bookmark and Share