Аранжмани  
 

Најнови понуди

Барселона - Необичната архитектура на Антонио Гауди

Барселона е светла, огнена ѕвезда заплисната од Медитеранот, магнет за сите, од уметничкото денгубење по плажите до бизнисот кој не може да одолее на прекрасното сонце. Тука, минатото се спојува со иднината во зовриената сегашност. Посетата на Барселона е опиумско возење..Еднаш, најверојатно нема да ви биде доволно.

Транспорт: Аеродромскиот сообраќај го опслужува Барселона аеродромот кој се наоѓа на 17км од центарот на градот. Тој е вториот по големина аеродром во Шпанија, а најголем на медитеранскиот брег. До градот и обратно можете да стигнете со такси, автобус и воз.

Локалниот транспорт во Барселона е одлично организиран. Системот на подземната железница е чист и климатизиран, што е особено важно во летниот период, и ќе ве однесе до сите поважни места кои треба да ги посетите. Автобускиот превоз на сите маршрути се одвива на неколку минути од 5 часот изутрина до 23 часот навечер. Такси превозот за околу 3км ќе ве чини од 8 - 10 евра, а такси возило можете да повикате по телефон или да го застанете на улица.

Клима, временска зона: Барселона е дестинација која е атрактивна во текот на целата година, но сепак пожелно е претходно да ја проверите временската прогноза. Најдобро е да го посетите овој град во средината на јуни или во септември. Ако, пак, плажата не ви е приоритет, временските услови во јануари и февруари ќе ви бидат идеални.
Временската зона е UTC/GMT + 1час.

Валута: како и во другите земји кои се членки на Европската унија, така и во Шпанија официјалната валута е еврото. Картичките како Visa, MasterCard, Maestro и Cirrus се ширко прифатени во целата земја.

Совет: Како туристи особено бидете претпазливи со вашите паричници и чанти на местата како што се центарот на градот, во јавниот превоз и околу поважните места за посета.  

 



Bookmark and Share