Аранжмани  
 

Најнови понуди

Дубаи - Бисер на Персискиот залив

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се состојат од седум Емирати, но најпопуларната дестинација од сите нив е Дубаи. Тој се наоѓа на јужниот дел од Персискиот залив, на Арапскиот полуостров. Дубаи е вториот по големина Емират, после Абу Даби.

Како една од најмултикултурните држави во светот, кон овој емират често луѓето се однесуваат како кон град бидејќи е признат како најмодерна и космополитска средина на Емиратите, што особено се должи на неговата рапидна и технолошка трансформација во минатите неколку децении.

Дубаи е симбол за иновација. Може да се пофали со извонредни облакодери, како што е во моментов највисоката зграда во светот, Bujr Dubai, како и процесот на развивање на технолошки најнапредните згради на светот - The Pad. Овие згради ќе се базираат на идејата на iPod; основната зграда ќе биде целосно компјутеризирана со најновите технолошки достигнувања и ќе има можност да го менува својот внатрешен дизајн и надворешниот поглед до скоро незамисливи граници.

Иако е трансформиран во град направен со најновата компјутерска технологија, се уште ја задржува силната исламска култура со верига од историски згради по течението на реката. Иако некои го гледаат како место во кое старото и новото се наоѓаат во конфликт, Дубаи, исто така се смета за град кој ќе ве зароби со своите два екстреми - традиционалното минато поврзано со модерното време.

Транспорт

Dubai International Airport е основата на авиокомпанијата Емирати, а го опслужува Дубаи и останатите Емирати во државата. Во 2008 година овој аеродром беше 6 - тиот најпрометен аеродром во светот, кога станува збор за авионскиот патнички сообраќај. До 2010 година се очекува и завршување на првата фаза на Al Maktoum интернациналниот аеродром, кој ќе биде домаќин на странските авиокомпании со ексклузивен терминал за нив.

Јавниот автобуски систем опслужува 140 маршрути и годишно превезува околу 109 милиони луѓе. До крајот на 2010 - та година се очекува во употреба да бидат 2 илјади автобуси низ целиот град. Покрај тоа, властите одговорни за транспортот ја објавија и конструкцијата на петстотини климатизирани постројки во градот и уште илјада низ земјата со цел да поттикне употребата на јавниот транспорт.
Подземниот железнички сообраќај се очекува делумно да почне да функционира до крајот на 2009 - та година, а целосно до 2012 - та година.
Дубаи, исто така, има и особено развиен такси систем, кој е најчесто употребуван.

Во Дубаи има две големи комерцијални пристаништа: Rashid и Jebel Ali. Пристаништето Jebel Ali, најголемото некогаш направено од човечка рака, е седмото најпрометно пристаниште во светот, а најголемо на Средниот Исток.

Временска зона, клима најдобар период за посета

Дубаи има сува суптропска клима со сино небо и сонце во текот на целата година. Најтоплите месеци се меѓу јуни и септември кога температурата може да достигне и до 45°C. Покрај тоа, влажноста на воздухот е многу голема. Дури и температурата на морето може да достигне до 40°C, па затоа најчесто и базените во хотелите се разладуваат. Временските услови се поумерени во текот на останатите месеци, а најсвеж е периодот од декември до март.   
Временска зона: UTC/GMT: + 4 часа.



Bookmark and Share