
Започнат во 1997 година по светски конгрес на „Slow food“ движењето, прославата на квалитетниот вкус секоја година ја организира градот Орвието и Slow Food асоцијацијата, со една и единствена цел – да се ужива во храната оставајќи го стресниот ритам на секојдневието некаде зад себе. Таму од 25 септември до 4 октомври опуштениот медитерански начин на живот е сконцентриран околу првокласни гурмански парчиња, задоволства сервирани во околните ресторани и стари манастири. Загризете веднаш и долго, долго уживајте...