Аранжмани  
 

Најнови понуди

Прославете ја Барселона

Човек со желба за забава никогаш нема да погреши ако се упати кон Шпанија. Крајот на летото, таму, не значи и крај на фиестата. Напротив, една од највозбудливите забави во Барселона се случува околу 24 септември, денот кога се слави светецот – заштитник на овој град.

Festa de la Mercè датира од 1872 година, а програмата на која Каталонците се особено горди секогаш се врти околу медитеранската култура и вклучува стотици случувања – од традиционални танци и акробати до театарски претстави и концерти. Секако, овој фестивал има огномети и своја парада со џиновски костими и факели, а треба да се издвои и фестивалот на нов независен звук, Barcelona Acció Musical  (Музичка Акција на Барселона). Постерот за La Mercè отсекогаш бил симбол на каталонската графичка уметност, а овогодинешниот е дело на дизајнерката Pati Núñez чии дела се препознатливи градски, графички икони и која одлучи да ја претстави светлината на ова празнување. И оваа година од 23 до 27 септември улиците и парковите во Барселона ќе ги преплават пресреќните мештани вечно расположени да ги пречекаат сите оние кои знаат да ја уживаат нивната култура. Придружете им се без двоумење!



Bookmark and Share