Аранжмани  
 

Најнови понуди

Уметност на Келтското море

Септември е резервиран за еден од најстарите уметнички фестивали во Велика Британија. Програмата на септемврискиот фестивал во St Ives, Cornwall, вклучува филм, литература и богата палета на музички настани од секој правец почнувајќи од класична, преку рок и џез, па сѐ до фолк музика.

Покрај настаните од главната програма, од 12 до 26 септември во St Ives може да се ужива на живи свирки во околните пабови, а за време на фестивалот и многу локални уметници ги отвораат своите студија за на заинтересираните да им дадат увид во начинот на кој ја создаваат својата уметност. Ова мало приморско гратче кое во минатото живеело од риболов, денес е познато токму по бројот на уметници кои живеат во него. Ако сте расположени за разигрување на креативноста, St Ives е есенска дестинација по ваша мерка. Пред да отпатувате, програмата разгледајте ја овде: http://www.stivesseptemberfestival.co.uk/

.



Bookmark and Share