
Тогаш, упатете се кон GlensFallsво Њујорк каде од 25 до 27 септември ќе се одржи фестивал на балоните каде само на отворањето ќе се пуштат над 60 балони на топол воздух во најразлични форми. Викендот исполнет со возбудливи настани вклучува и летање хартиени змејови, музички и уметнички перформанси и соодветна забава за децата. Главната фестивалска забава, сепак, се балоните коишто полетуваат над езерото Џорџ, а кои претпладне се наменети за најмладите, па имаат форми на ликови од цртани филмови, а навечер наменети за поголемите деца кои ќе се расположат со концерти на отворено и поглед кон стотина балони што одеднаш го украсуваат небото. Посетата на фестивалот е бесплатна и отворена за секој што е заинтересиран, а ќе треба да платите само ако сакате да се повозите во височините. А зошто не би посакале?