Аранжмани  
 

Најнови понуди

Лидо ди Јесоло

Италија нѐ мами со древната и современа култура, историските споменици, богатата природа, прекрасната архитектура, привлечните плажи и огромниот избор за шопинг. Затоа, одлучете се за Лидо ди Јесоло, град во околината на Венеција каде доаѓаат над 400 илјади туристи годишно за да најдат романтично местенце под италијанското сонце.

Опуштениот начин на живот ќе му се допадне на македонецот кому никаде не му се брза и кој патува за да ужива.

Временска зона: ГМТ + 1 час
Валута: Евро
Клима: Овдешната клима е како создадена за летување: Медитеранска клима со долги лета, жешки попладниња и пријатна темепратура на водата. Со максимална просечна температура од 9°C во декември и јануари и до 36°C во јули и август, Лидо ди Јесоло нема неподносливи горештини, ниту смрзнувачки ветрови.

Транспорт: Нашите туристички агенции редовно имаат понуди за автобуски превоз, а овде може да отпатувате и со авион при што би се симнале на аеродромот во Венеција.

Малото незабележливо Јесоло на северо - источниот дел од Италија почна комплетно да им се посветува на туристите и прерасна во мало парче рај на Јадранското Море збогатено со 15км убаво уредени песочни плажи, десетина дискотеки и околу илјада кафулиња и ресторани.



Bookmark and Share