Аранжмани  
 

Најнови понуди

Москва - на чашка руска водка во зима

Одблесокот на сончевите зраци ги заслепува вашите очи и скоро ја изминувате прекрасната црква која стои пред вас, држејќи ја главата надолу во обид да го заштите лицето од ветрот и трудејќи се да не се лизнете на скриените парчиња мраз...

Лежејќи на бреговите на реката Москва, градот е најголемата урбана средина во Русија, а воедно и нејзин главен политички, економски, културен, религиозен, финансиски, образовен и транспортен центар. Овој мегалополис е дом на најголемиот број на билионери во светот.

Транспорт: Москва има пет национални аеродроми: Бјково (на 30км југо - источно од градот), Домодедово (на 40км јужно од градот), Шереметјево 1 и 2 (на 30км северо - западно од градот), Остафјево и Внуково (на 30км југо - западно од градот). Овие аеродроми опфаќаат широка палета на меѓународни и домашни дестинации. Покрај овие, во реонот на Москва има и помали аеродроми, како што е Мјачково, кој се користи за приватни авиони и хеликоптери.

Скоро секој автомобил во Москва може да биде такси, затоа само излезете на улица и испружете ја раката. Центата за возење низ центарот на градот се движи од 100 - 150 рубљи. Системот на подземната железница е најлесниот, најевтиниот и најбрзиот начин за движење низ градот. Голем број од станиците се со мермерни фасади, фрески и позлатени дела на уметноста, а на платоата ретко ќе чекате повеќе од две минути.

Клима, временска зона: Москва е величенствена во доцната пролет (мај или јуни) и во раната есен (септември и октомври) , кога градските паркови се полни со расцветани дрвја или листови во сите бои. Сепак, ако сакате да се нурнете во длабочините на руската душа, отидете во зима, кога снегот, студот и темнината ја завиткуваат модерната врева. Климата во Москва е умерено - континентална, со топли влажни лета и долги ладни зими. Просечната температура во летните месеци е околу 23°Ц, но може да достигне и до 30°Ц, а во зима се спушта и до -10°Ц.
Временска зона: За време на зимските месеци Москва се наоѓа во UTC/GMT +3 часа, а во летниот период го менува времето за еден час понапред односно, UTC/GMT +4 часа.

Валута: Руската валута е рубљата. Една рубља е составена од 100 копејки. Кредитните картички, а особено Visa и MasterCard, стануваат сè повеќе широко прифатени, не само во маркетите на хотелите, туку и во рестораните и продавниците во целиот град.

Совет: Како и во секој друг голем град, така и овде треба да внимавате на вашите паричници, особено околу метро станиците. Секогаш бидете претпазливи кога влегувате во такси навечер, особено во близина на барови и клубови кои се наоѓаат на поизолирани места. Никогаш не влегувајте во такси возило кое има повеќе од двајца патници.



Bookmark and Share