

Големиот број на споменици изградени за да ја величаат славата на Франција, сведочат за нејзината богата историја и го прават Париз една од најпосакуваните туристички дестинации. Покрај тоа, 12-те милиони парижани, кои се доселени од целиот свет, го прават овој град една од најголемите мултикултурни средини во светот.
Транспорт: Париз го опслужуваат два главни аеродроми, а тоа се Орли и Шарл де Гол. Орли се користи за локален авиопревоз, додека Шарл де Гол се справува со интернационалните летови. Двата аеродроми се големи и ги нудат стандардните аеродромски услуги како изнајмување на автомобил и фри - шоп.
Што се однесува до локалниот транспорт - снаоѓањето е многу едноставно! Метро системот е распространет и ефикасен, додека автобусите можат да заглават во сообраќајот, а разбирањето со нивните маршрути е вистинска умешност. За оние кои повеќе ги сакаат прошетките и свежиот воздух, пешачењето и возењето велосипед се сериозни опции, со оглед на тоа што сите знаменитости се наоѓаат во радиус од 10км.
Клима, временска зона: Временските услови во Париз во текот на летото се топли и суви, а пролетта е вистинско време за посета иако може да има повремени врнежи. Есенското паѓање на лисјата ѝ дава нова димензија на убавината на градот. Зимските месеци можат да бидат доста ладни, особено декември и јануари, кога температурата се движи околу 3°Ц.
Временската зона на Париз е UTC/GMT + 1час.
Валута: Официјалната валута во Франција, како и во поглемиот дел од земјите членки на Европската унија, е еврото. Најчесто употребуваните картички се Visa, MasterCard, Diners и American Express.
Совет: Генерално, Париз е сигурен град и нападите на улица се мошне ретки. Сепак, на места каде што има поголем број на луѓе и туристи внимавајте на својот паричник. Со таа цел, добра идеја е да имате осигурување кое ќе покрие кражба или некаков медицински проблем.