Аранжмани  
 

Најнови понуди

Прага - златниот град

Сместена на брегот на реката В'лтава во централна Бохемија, Прага е главниот град на Република Чешка. Нејзината архитектура, која е стара неколку стотици години, како и одличната зачуваност на истата, го прават овој град атрактивна туристичка дестинација во Европа и светот. Тука, можете да видите архитектура од времето на барокот, ренесансата, кубизмот, нео - класиката и новата уметност.
  Покрај тоа, Прага има особено весел ноќен живот, што можеби се должи на големиот избор на видови пиво, како и неговата ниска цена.

Транспорт: Ruzyne International аеродромот во Прага е најголемиот во целата земја. Наоѓајќи се на 20км северо - западно од центарот на градот, до него може да се стигне за 30 - минутно возење со автомобил. Националниот авио - превозник е Czech Airlines.

Системот на јавниот превоз во Прага е еден од најудобните и најекономичните во цела Европа. Две третини од населението ја користи услугата на подземната железница, трамваите и автобусите. Посетителите можат да купат туристички билет кој ќе им овозможи да патуваат со било кое превозно средство за време на неговото траење. Јавниот транспорт покрива поголем дел од местата кои се најчесто посетени од туристите.

Клима, временска зона: Чешката република има умерена клима со топли, некогаш влажни, лета и ладни зими. Просечната температура во лето е 24°Ц, а може да достигне и до 30°Ц. Јануари и февруари се најстудените месеци во годината, кога живата на температурната скала се искачува само до 5°Ц.
Временската зона во Прага е UTC/GMT + 1час.

Валута: Официјалната валута на Прага е чешката круна. Еден американски долар изнесува 17,3 круни, а едно евро 25,8 круни. Со кредитна картичка можете да платите во поголемиот број на хотели, интернационални продавници и ексклузивни ресторани. Поголемиот број на локални продавници и просечни ресторани преферираат пари во готово.    

Совет: Иако Прага е безбеден град, како и сите останати престолнини во Европа, сепак недостатокот на пари, ги прави кражбите честа појава. Кога станува збор за туристите тоа се однесува на нивните паричници. Затоа, внимавајте при посетата на знаменитостите на градот како и во јавните превозни средства. Бидете особено внимателни и претпазливи од човек кој ќе ви се претстави како службеник кој истражува нелегална размена на пари.

 



Bookmark and Share