Аранжмани  
 

Најнови понуди

Сејшели, барем еднаш!

Архипелагот составен од 115 островчиња сместени во Индискиот океан е вистински дар од природата. Поранешната британска колонија која со децении наназад претставува една од најегзотичните и најпривлечни дестинации за туристите од целиот свет во ниеден случај нема да ги изневери вашите претпоставки и очекувања. Да, Сејшелите навистина се рај на земјата.

Песочни плажи од ситен бел песок се протегаат веднаш под падините и бујната вегетација, а водата е светло сина и толку проѕирна што можете од далеку да го видите песочното дно што се простира под површината.
Сејшелите претставуваат природен музеј и дом на некои од најретките видови на флора и фауна. Со заштита со многу легислативи, правила и норми на приближно 50 проценти од вкупната површина на архипелагот, Сејшелите го држат рекордот како еден од најсочуваните екосистеми во светот. Сејшелите се исто така и дом на две локации под капата на УНЕСКО, првата е Aldabra, најголемиот корален остров во светот, а втората е Praslin’s Vallée de Mai, за која во минатото се претпоставувало дека ја претставува автентичната локација на Рајската градина.
Но кој остров да го посетите?
Дали ќе се одлучите за Praslin, La Digue или Mahé верувајте дека е сеедно, бидејќи заеднички именител на сите 115 острови е неопислива, воодушевувачка убавина која ви го одзема здивот и се вселува во вашето сеќавање засекогаш.

Како да се стигне и транспорт на тоа место

Добрата вест е тоа што не морате да изнајмите автомобил за да ги посетите островите. Прилично добро развиената автобуска мрежа функционира беспрекорно на целата територија на Махе, исто како и на Праслин кој може да се пофали со ефективен автобуски транспорт.

Сејшелскиот Интернационален аеродром , на 8км од Викторија, главниот град на Сејшелите,  е единствениот интернационален аеродром на архипелагот. Доколку сакате да летате со хеликоптер од еден до друг остров, на пример од Махе до Праслин, патувањето ќе ве чини околу 174 евра по човек, додека пак ако сакате исто така со хеликоптер да стигнете од Праслин до Ла Диг транспортот ќе ве чини 87 евра.

Можете и да изнајмите автомобил бидејќи патиштата се сосема функционални, само имајте во предвид дека се вози од левата страна и дека ограничувањето на брзината на возење, доколку престојувате на Паслин изнесува 40 км на час.
Бродовите речиси секој час тргнуваат кон Махе, Праслин и Ла Диг, а за сите други острови морате да користите таканаречени чартер бродови кои организираат тури до и околу островчињата.

 



Bookmark and Share