Аранжмани  
 

Најнови понуди

Тунис - Oд градска бучава до пустинска тишина

Тунис е главниот и најголем град во Република Тунис, сместен крај истоименото езеро во северо - источниот дел од земјата во северозападниот дел на Африка.

На жителите, како и на посетителите ова медитеранско место им нуди две лица, едно како поранешен француски протекторат што постојано се развива како современ град, и второ, како релаксирана „медина“ каде по прошетката низ пазарите се седнува на кафе - муабет засладен со неколку коцки шеќер .

Тунис во себе носи европски, арапски и африкански нишки, па истовремено е функционална и модерна метропола и место каде новото никогаш нема да го избрише шармот на старото и традиционалното.

Временска зона: ГМТ + 1 час
Валута: Туниски динар = 32.3640 денари (1 EUR = 1.90176 TND)
Клима: Типична медитеранска клима со жешки лета и благи зими, па најдобро е да се посети во пролет или есен. Нема снег, а врнежите се почести од ноември до февруари. Просечната максимална температура се движи од 14°C во јануари до 33°C во август
Транспорт: Автобус од аеродромот до градот чини околу 20 туниски динари, а таксито ќе ви наплати околу 25 (во Тунис таксито е прилично евтино, за кратки дестинации низ градот ќе платите само еден динар).

Совети:
1. Во Тунис може да внесете неограничена количина пари, но нивниот динар не може да се изнесе од државата!
2. Алкохол во Тунис може да се купи до 20 часот во поголемите маркети. Сепак, имајте предвид дека увозниот е прилично скап (шише водка Absolut е околу 70 евра). Тунис има одлични вина, свои пива и ликери, како Boukha (ликер од смокви). Освен во хотелите, алкохол се служи и во лиценцирани ресторани (останатите ќе ви понудат безалкохолно пиво!) кои се поскапи од останатите. Пиво во хотел ќе ве чини 5 туниски динари, во ресторан 3, а во маркет може да купите шест за околу 10 динари. Цените на виното најмногу зависат од самото вино, но една чаша во ресторан ќе ве чини барем 18 динари, додека за шише би дале најмалку 40 динари во продавница. Некои барови на жените ќе им побараат пасош (за да ја проверат националноста) пред да им дозволат да нарачаат алкохол.
3. Тунис изобилува со музеи што вредат да се посетат, но запомнете дека повеќето се затворени во понеделник.

Тунис е големиот град со мали улички што водат до Големата џамија и Старата палата одекнувајќи од довикувањата на продавачите на сувенири. Тунис е голем град кој пулсира во модерен ритам, импресионирајќи со современи градби од челик и стакло, како и авении обрабени со палми што држат сенка крај шик бутици и огромен број кафулиња. Тунис е всушност поделен на три дела: стариот град (медина), францускиот дел (сегашен центар на градот) и поновите модерни делови изградени на југот и северот од градот.

Од гужвата на оваа метропола ќе се извлечете крај статуата на Ibn Khaldoun, каде влегувајќи во тесните улички што водат до древната медина со само неколку чекори прекокнувате цели векови враќајќи се во минатото. Стариот град изгледа како да живее меѓу 12 и 16 век, исполнет со пазари што изобилуваат со бои и звуци.

Вниманието ќе ви го привлечат малите продавнички и тезги за сувенири, антиквитети, накит, теписи и грнчарија. Ако успеете да им одолеете на повиците од локалните продавачи и не заглавите ценкајќи се и купувајќи цел ден, ќе стигнете до џамијата Ez Zitouna, обновена во 9 век, која со векови била центар на живеењето во арапскиот град. Ова е најголемата џамија во Тунис, а нејзиното минаре ќе ви помогне при ориентацијата и нема да дозволи да се изгубите наоколу. И денес, со постојаното модернизирање и проширување на Тунис, остатоци од старата традиција се забележуваат во продавачите на парфеми, ткаенини, бадеми и зачини потпрени на ѕидините на џамијата. Медината е вистински жив музеј во кој се собрани стари палати, џамии, пазари, продавнички, културни центри и ресторани. Раздвижениот стар дел од градот е место каде се собрани сите продавнички интересни за туристите и каде секој посетител има прилика да промуабети со мештаните.

 



Bookmark and Share