

Временска зона: ГМТ + 2 часа
Валута: 1 турска лира = 29.13174 денари (1 EUR = 2.15755 TRY)
Клима: Доволно е да ја знаете локалната поговорка дека тука има: „Три сезони пролет и една созона лето“. Анталија има пријатна средоземноморска клима, па високите температури во поголемиот дел од годината овозможуваат одлични услови за одмор.
Транспорт: До Анталија може да се дојде со автобус или авион со кој ќе слетате на Antalya International Airport. Низ Анталија најдобро е да се оди пеш, но ако имате потреба може да се превезете со такси (цените се од 7 до 10 лири), автобуси, минибуси или трамвај чија линија минува од Музејот на Анталија, преку центарот на градот, па сѐ до хотелите близу плажата.
Совет: Овде, како и на секое друго место во Турција единственото што може да ви пречи се постојаните покани да влезете во оваа продавница, ресторан или кафуле. Научете се да ги игнорирате освен ако не сакате да потрошите голем дел од вечерта во разговор со келнерите.