Република Франција

Документите кои се потребни за барање за виза кои важат од 1 јануари 2008 година за Франција треба да ги доставите на шалтер лично во амбасадата. За разгледување на вашето барање потребно ви е:
- Важечки пасош (+3 месеци од предвиденото време за враќање);
- Читливо и исправно пополнет формулар за барање на виза, со датум, потпис и лична фотографија (35 на 45 мм., бела позадина);
- Потврда за вашата социо - професионална состојба или на личноста од која зависите финансиски (на пример, потврда од работа, потврда за регистрација на фирма итн.);
- Потврдено сместување
- Потврда за начинот на патување (резервација на авионски или автобуски билет, или сообраќајна дозвола)
- Потврда за поседување доволно финансиски средства за покивање на евентуалните трошоци (на пример, извод од девизна сметка, патнички чекови т.е. околу 800 евра месечно);
- Потврда за патничко осигурување кое ги покрива медицинските трошоци и враќање во земјата поради здравствени причини, во висина од 30 илјади евра;
- Паричниот износ за визата е 2.134 денари за државјаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Русија, Украина, Молдавија (за другите земји цената е 3.659 денари). Овој износ задолжително се плаќа при поднесување на барањето и во ниеден случај не се враќа.
- Доставувањето на целокупната документација не значи задолжително издавање на виза.