Аранжмани  
 

Најнови понуди

Република Германија

Од први април 2008 година поднесувањето за барање на визи се врши само доколку претходно закажете термин преку телефонскиот центар. Овој центар може да го добиете на бројот 058 058 777 од понеделник до петок од 8 - 16 часот.
Поднесувањето на барањето за виза мора да биде лично. Непотполните барања нема да бидат прифатени.
При поденсување на барањето секогаш треба да се достави:

  • Пасош со доволна важност (најмалку 6 месеци подолго од предвиденото враќање);
  • Две биометриски фотографии од понов датум и два формулари (своерачно потпишани и пополнети на латиница);
  • Оригинално гарантно писмо од Германија, заверено со два печати;
  • Стар пасош (доколку имате);
  • Кај вработени лица: потврда од работа, образец М1 и М2 и решение за годишен одмор;
  • Кај ученици и студенти: потврда од училиште или факултет, последно свидетелство или индекс во оригинал;
  • Кај пензионери: чек од пензија;
  • Кај невработени лица: документи од работа (образец М1 и М2) на брачниот другар доколку работи и не патува;
  • Кај малолетни лица: согласност и пасоши од родителите или потврда од полиција за непоседување на пасоши;
  • Документи за стан / куќа / земја во Македонија (поседовен лист или документ за сопственост);
  • Венчаница / умреница и важечки пасош од брачниот другар (иако не патува) или потврда од полиција за непоседување на пасош;
  • Патничко осигурување: со кое можат да се покријат трошоци за транспорт на барателот во случај на здравствен проблем, како и трошоци за лекарски итни случаеви и / или итен прием во болница. Осигурувањето треба да важи за сите Шенген држави како и за времетраење на престојот на барателот и да покрива најмалку 30 илјади евра трошоци. Осигурителното друштво треба да има свое претставништво или седиште во една од Шенген државите, во Швајцарија или во Лихтенштајн;
  • Цената за издавање на германска виза е 35 евра (2135 денари).

Сите овие документи треба да бидат во оригинал и во копија. Покрај овие кои се наведени, во поединчни случаи може да се побараат и други документи. Имајте предвид дека е потребно да се поднесат горенаведебите документи заради проверка на вашето барање, меѓутоа тоа не значи дека при поднесувањето на сите потребни документи барањето за виза ќе ви биде одобрено. Независно од настанатите такси при обработката, односно издавањето на визата, можат да настанат и други трошоци (факс и слично). Таквите трошоци ќе ви бидат објаснети дополнително.



Bookmark and Share