

Виза за нашиот јужен сосед се добива речиси наједноставно.
Основното нешто кое ви е потребно е да ги имате формуларите М1 и М2 или, пак, претходно да имате грчка виза. Покрај тоа ќе ви бидат потребни и сини картони, здравствена легитимација и пасош чија важност мора да биде најмалку 3 месеци од издавањето на визата.
Интервју можете да закажете на телефонскиот број 058 058 000.
Во Стопанска банка треба да уплатите 30 евра (1800 денари).
Со себе треба да го носите претходно купеното патничко и здравствено осигурување и две фотографии во боја со еднобојна позадина(со димензии 30 на 35мм.). Сите документи треба да бидат во оригинал, а направете и копија на првите страници.
Одете на закажаниот термин и најверојатно ќе ја добиете визата.