Аранжмани  
 

Најнови понуди

Република Италија

Од 1 ноември 2007 година , амбасадата на Италија, со цел да им излезе во пресрет на корисниците, за презентација на барањата за виза и доставување на пасоши ќе користи услуги од приватна фирма (IVAO). Новиот број на кој може да биде закажан термин е 02 / 240 22 80. Од овој датум корисниците можат да презентираат барање за виза избирајќи ги следниве можности:

  • Користење на услугите на IVAO јавувајќи се на бројот 02 / 240 22 80 и со лично презентирање на пасошот и бараната документација во просториите на закажаниот термин (до 3 дена од телефонското барање).
  • Презентирање на барањето за виза со потребната документација директно во амбасадата со претходно закажување на горенаведниот телефонски број или пак на следната и - меил адреса: callcenter.skopje@esteri.it.
  • Користењето на услугите на приватната фирма за презентирање на барањето за виза ќе овозможи и:
  • Драстично намалување на периодот на чекање за презентирање на барањето за виза (до 3 дена од јавувањето во call центарот);
  • Продолжување на работното време во кое корисникот ќе може да го презентира барањето, вклучувајќи го и денот сабота.
  • Можност за оној кој ќе се согласи, да го добие пасошот со одобрената виза на домашна адреса.

Приватната фирма IVAO е ангажирана ексклузивно за закажување на термин, примање на пасошот и документите неопходни за добивање виза. Презентираната документација ќе биде разгледана од страна на амбасадата која ќе ги изврши сите контроли предвидени со закон.
Амбасадата на Италија останува да биде исклучително надлежна за донесување на одлуката за добивање или одбивање на издавање на виза. Оние баратели кои ќе одлучат да ги користат услугите на IVAO ќе ги добијат пасошите назад повторно преку оваа фирма.
Додатни информации за услугите и цената на чинење на истите можат да се добијат на веб страницата www.ivao-mk.com.

Потребни документи за виза:

  • Пасош валиден најмалку три месеци по предвиденото време на враќање;
  • Понова фотографија;
  • Формулар пополнет со печатни букви (на латиница) и потпишан;
  • Фотокопија од првите две страници од пасошот;
  • Само во случај на виза “C” (до 90 дена) авионски билет / повратен автобуски билет (со фотокопија) или фотокопија од сообраќајната дозвола на автомобилот, во зависност како се патува;
  • За малолетни подносители на барање на виза: извод од матичната книга на родените (оригинал и фотокопија) и согласност од родителите за патување. Последново се дава на а) на шалтер во моментот на барање на виза; б) кај нотар со апостил.
  • Само во случај на виза “C” (до 90 дена), барателот треба да поседува здравствено осигурување кое има покритие од минимум 30 илјади евра.
  • Фотокопија од сите документи (писма, сертификати, извод од сметка) приложени со барањето на виза.

Како да се потврди сместувањето, финансиските средства и социјално - професионалната состојба:

  • Сместување: хотелски резервации, писмо за гостопримливост пополнето според моделот (кликнете тука), туристички ваучери со се вклучено.
  • Финансиски средства: патнички чекови, кредитни картички, изводи од сметка или банкарска гаранција дадена и потпишана во Италија.
  • Социјално - професионална состојба: може да се приложи потврда за работа или за дејност извршувана во Македонија (меморандум), здравствена книшка, работна книшка, обрасци М1 и М2, осигурителни полиси, документ за регистрација на македонската фирма, документ кој потврдува дека личноста е носител на професионалната или земјоделската активност и други документи кои би ја покажале ефективната дејност на претпријатието (биланси, фактури, недвижен имот, земјоделски имот, даночни пријави итн.);

за студенти: потврда за упис во тековната академска година, универзитетски индекс;
за пензионери: уверение за пензија, копија од евентуално претходно добиени шенген визи,
и секоја друга документација која би ги покажала годишните приходи во матичната земја и работната дејност.



Bookmark and Share