Соединети Американски Држави

Амбасадата на САД во Скопје повеќе не прифаќа барања за закажување на интервју преку електронска пошта или факс. За да закажете интервју за неисленичка виза или да добиете општи информации за виза јавете се во Визно - информативната служба на телефон (02) 309 9090. За да пристапат кон оваа служба барателите мораат најпрво да купат личен идентификациски број во Комерцијална банка за 12 американски долари (523 денари).
За да го исполните вториот чекор во постапката за вадење виза за Соединетите американски држави потребни ви се следните нешта:
- Пополнување на формуларот DS - 156, одговорен на сите прашања и потпишан. Почнувајќи од ноември 2006 година, сите кандидати мора да достават баркодиран формулар во три страници, кој се наоѓа на веб страната на: Стејт Департментот на САД (Електронски формулар за виза)
- Потоа треба да се пополни и формуларот DS - 157, одговорен на сите прашања. (Кандидатите кои поднесуваат за категориите F, J и M виза треба да го достават и формуларот DS - 158).
- Една фотографија, не постара од шест месеци, да се гледа целото лице, со бела поздина и со формат 5 на 5 см.
- Документи кои ќе ја поддржуваат вашата причина за патување и ќе ја потврдат вашата професионална, финансиска и семејна поврзаност со вашата матична земја. На пример, вашиот статус на ученик или студент, вашиот работен однос, финансиските извори и друго.
Секој кандидат пред да поднесе молба треба да плати административна такса од 131 американски долари (5737денари). Административната такса може да се плати во секоја филијала на Комерцијална банка. Ако државјаните на Македонија немаат филијала во местото на живеење, тогаш таксата може да ја платат во Стопанска банка или во пошта. На денот на интервјуто треба да се достават двата дела (двете индиго копии) од оригиналната уплатница.
Последното нешто кое треба да го направите е да дојдете на закажаниот термин:
- Земете ги со себе двата дела од оригиналната уплатница за платената такса за виза.
- Земете ги сите претходно наведени потребни документи
- Земете го вашиот пасош - пасошот мора да биде важечки најмалку 6 месеци подолго од предвидениот влез во САД.